Дома Фудбал Ужасни сцени: Ракетите на Иран прелетаа над стадион каде што се играше фудбалски натпревар

Ужасни сцени: Ракетите на Иран прелетаа над стадион каде што се играше фудбалски натпревар

Oд вчера очите на најголемиот дел од светот се насочени кон ескалацијата на судирот на Блискиот исток и војната помеѓу Израел и Иран. Ситуација ескалираше со ланзирањето на балистичките проектили од Техеран.

Во натпреварот помеѓу иранскиот Сепехан и Истикол од Таџикистан кој заврши со победа од 4:0 на домаќините навивачите на трибините имаа непријатна сцена поради која фудбалот падна во втор план.

Имено, во еден момент ракетите кои Иран ги лансираше кон Израел се појавија над стадионот „Нагш-Џахан“. Никој од присутните во тие моемнти не беше расположен за фудбал сите загрижено го гледаа правецот на проектилот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Гол и место во идеалниот тим: Додев се истакна во дресот на Алтаи

Дарко Додев беше стрелец во ремито на Алтаи со Јелимај Семеј и се најде меѓу најдобрите во…