Дома Фудбал Англија Ужасни најави: Тешката повреда за Велбек може да значи – крај на кариерата!?

Ужасни најави: Тешката повреда за Велбек може да значи – крај на кариерата!?

0

Се надеваме дека проценките се погрешни.

Арсенал вчера одигра без голови во натпреварот против Спортинг Лисабон во рамките од Лигата на Европа, но натпреварот на „Емирати“ ќе остане во сенка на тешката повреда на Дани Велбек.

Унаи Емери сакаше да му пружи прилика на напаѓачот кој нема преголема минутажа од стартот на сезоната, но Англичанецот очигледно немаше среќа и тешко се повреди.


Следете го Sportski.mk и на


Настрада зглобот на фудбалерот, а ситуацијата беше толку сериозна што Велбек мораше да биде изнесен со маска за кислород.

Сега од Островот стигнуваат најлошите можни сценарија…

„Трајно дислоцирање на зглобот може да значи дека Велбек ја завршил својата фудбалска кариера, тоа е тип на повреда која не може да се санира“, изјави медицинскиот стручњак доктор Џони Вилсон, човек кој работеше во неколку клубови во Премиер лигата и кој е многу ценет во Британија.

Се надеваме дека греши…

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Бившиот директор на Милан: Преговаравме со Кристиано Роналдо!

Бившиот генерален директор на Милан, Марко Фасоне даде интересно интервју за италијанските…