После една цела деценија Италијанците ги престигнаа Германците, поточно Серија А сега е подобро рангирана од Бундес лигата.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
После победите на Јувентус, Наполи и Рома синоќа во Лигата на шампиони и поразите на Баерн, Дортмунд и Лајпциг Италија стигна до третото место на УЕФА ранг листата, додека Германија падна на четвртото место.
Разликата се намалуваше изминатите години, а за тоа најзаслужен е Јувентус кој два пати во изминатите години се стигна до финалето во ЛШ.
Сега Италија е на чекор да ја стигне и Премиер лигата бидејќи разликата е само два бода, додека на првото место неприкосновена е Шпанија.
Меѓутоа ова нема да има големи промени, односно нема Германија да остане само со три преставници во Лига на шампиони бидејќи со новиот формат сите четири лиги ќе имаат по четири претставници.