Дома Фудбал УЕФА не знае од која држава доаѓа Папу Гомез

УЕФА не знае од која држава доаѓа Папу Гомез

Фудбалерите на Севиља утре на свој терен ќе играат против Борусија Дортмунд во првиот натпревар од осминафиналето во Лигата на шампионите.

Многумина веруваат дека ова ќе биде одличен натпревар поради стилот на игра кој го имаат Севиља и Борусија.

Сега, пред утрешниот натпревар УЕФА направи една грешка. Имено, луѓето од УЕФА Папу Гомез кој неодамна пристигна во Севиља од Аталанта го означија како Италијанец.

УЕФА напиша дека Гомез е Италијанец, да играше долги години во Италија, но тој доаѓа од Аргентина и за репрезентацијата на „Гаучосите“ одигра пет натпревари и постигна еден гол.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Старите навики го издадоа Хендерсон: Бараше пенал против сопствениот тим?

Поранешниот капитен на Ливерпул се врати на „Енфилд“ во дресот на Челси, но еден негов пот…