Дома Фудбал УЕФА немаше милост: „Нема“ финале за Диего Симеоне!

УЕФА немаше милост: „Нема“ финале за Диего Симеоне!

Атлетико Мадрид вчера се избори за пласман во финалето од Лигата на Европа, откако го победи Арсенал со 1:0, сепак Диего Симеоне нема да биде дел од ова финале, барем не од клупата.

УЕФА денес ја потврди казната на Симеоне и како и реваншот против Арсенал, Аргентинецот и финалето во Лион ќе мора да го следи од трибините.

Симеоне заработи исклучување во првиот натпревар против Арсенал, иако се очекуваше неговата казна да заврши со еден натпревар суспензија сепак УЕФА немаше милост кон Чоло.

Како што е познато и во финалето Атлетико ќе го води заменикот на Симеоне, Бургос. Финалето од Лигата на Европа се игра на 16 мај во Лион.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Чешка со нови отсуства во Осиек: Хрватска ја дели бод од опстанок

Провод и Шуберт поради болест нема да патуваат за Осиек. Чесите мора да победат, а на Хрва…