Дома Фудбал Лига на шампиони УЕФА му нареди на Андерлехт да им врати 30 евра на навивачите на Баерн

УЕФА му нареди на Андерлехт да им врати 30 евра на навивачите на Баерн

Европската фудбалска унија (УЕФА) му нареди на Андерлехт поради превисоките цена на влезниците да врати 30 евра по карта на навивачите на Баерн за натпреварот од Лигата на шампионите кој беше одигран во ноември во Брисел.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Телото на УЕФА за контрола, дисциплина и етика смета дека цената од 100 евра по карта била превисока за натпреварите од групната фаза во Лигата на шампионите и дека клубот од Брисел е должен дел од парите да им врати на гостинските навивачи.

УЕФА претходно во декември го казни Баерн со 20.000 евра поради протестите на нивните навивачи по повод превисоките цени на влезниците.

На Андерлехт му е дадено рок од 15 дена за извршување на оваа одлука.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Слот по 20. пораз: Ќе бидеме подобри следната сезона!

Фудбалерите на Ливерпул запишаа нов, 20-ти пораз сезонава, откако загубија од Астон Вила к…