УЕФА денес ќе има состанок после кој би можела да соопшти големи казни за Реал и Јувентус, клубовите кои беа главни заговарачи за Суперлигата.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Иако звучи малку неверојатно, шпанските медиуми пренесуваат дека УЕФА би можела да ги исфрли од европските натпреварување Реал и Јувентус на една година, со тоа што Реал ќе остане да си ја доигра сезоната во ЛШ.
Неиграње една година во Европа секако дека ќе биде голем и спортски и финансиски удар за клубовите.
За останатите клубови кои ги следеа Реал и Јувентус не се знае дали ќе има казни, меѓутоа Чеферин посочи дека треба да се има предвид дека Англичаните ја признаа грешката и први се повлекоа.
Што ќе се случува ќе видиме денес…