Дома Фудбал Италија УЕФА го одби финансискиот план на Милан!

УЕФА го одби финансискиот план на Милан!

УЕФА денес го одби 5-годишниот план кој Милан го достави во врска со финасиското работење на клубот, односно Финансискиот фер-плеј.

Независното тело при УЕФА за финансиско управување го разгледа планот на Милан за постигнување на доброволен договор, но после внимателното прегледување на доставените документи беше одлучено да не биде склучен споразум меѓу двете страни.

До оваа одлука УЕФА дојде бидејќи се уште постојат неизвесности во врска со рефинансирањето на кредитот кој истекува во октомври 2018 година и финансиските гаранции кои ги дадоа главните акционери.

Сепак, ова не значи дека е донесена било каква конечна одлука. „Росонерите“ и понатаму ќе бидат предмет на надгледување, а раководството ќе достави нов план во првото тромесечие од 2018 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Челси и Манчестер Јунајтед во трка за трансфер на Хакобо Рамон

Челси и Манчестер Јунајтед се заинтересирани за трансфер на младиот дефанзивец Хакобо Рамо…