Дома Фудбал Европско првенство во фудбал ЕУРО УЕФА ги потврди промените, Македонија со 26 фудбалери на ЕП

УЕФА ги потврди промените, Македонија со 26 фудбалери на ЕП

Европската куќа на фудбалот донесе одлука да им дозволи на репрезентациите да повикаат 26 фудбалери за ЕП, а воедно го одобри и правилото за 5 замени.

Наместо 23 фудбалери секој селектор ќе може на списокот да пријави 26, а УЕФА се одлучи на ваков потег поради проблемите со пандемијата и поголемиот број на измени.

Сепак на натпреварите селекторите ќе имаат на располагање 23 играчи како и досега, но ќе бидат пријавени три резерви кои дополнително ќе ја чекаат шансата.

Дозволено е пред секој меч да има промена само кај голманите, а доколку селекторот се одлучи за промена на фудбалер, оној кој ќе биде избришан од списокот, веќе нема да може да настапува на турнирот.

Ангеловски до 1 јуни треба да го соопшти списокот со репрезентативци, а неколку дена претходно Македонија ќе игра со Словенија во пријателски меч.

Автор: Петре Кузманоски

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Европско првенство во фудбал ЕУРО

Проверете

Јувентус започна преговори со Гатузо

Јувентус веќе ја започна потрагата по нов тренер за следната сезона, пренесуваат италијанс…