Фудбалската репрезентација на Македонија утре ќе го игра натпреварот против Летонија во рамките од Лигата на Нации, а за овој натпревар УЕФА одреди дански судија.
Главен на утрешниот натпревар ќе биде Данецот, Јакоб Алексендер Сундеберг.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Негови помошници ќе бидат Дениз Јурдакул и Виктор Скуте, а за четврти судија на мечот е одреден Микел Редер. Натпреварот со Летонија е закажан во терминот од 18:00 часот.
Три дена по натпреварот со Летонците, Македонија ќе гостува и во Рига каде што ќе играме против Ерменија. На табелата нашата репрезентација има четири бода, додека по три на второто и третото место имаат Ерменија и Летонија, Фарски Острови се последени со еден освоен бод.