Дома Фудбал Останато УЕФА ги исфрла Реал, Барса, Јувентус и Милан од европските натпреварувања?

УЕФА ги исфрла Реал, Барса, Јувентус и Милан од европските натпреварувања?

Европската куќа на фудбалот (УЕФА) спрема сериозни казни за 12-те клуба кои учествуваа во правењето на Суперлигата.

Суперлигата пропадна после само 48 часа откако беше објавена, но ја налути УЕФА и предизвика незадоволство кај фудбалските фанови.

„ЕСПН“ пренесува дека најсериозни казни ќе добијат Реал Мадрид, Јувентус, Барселона и Милан кои можат да бидат суспендирани од европските натпреварувања на две години. Притоа, клубовите ќе бидат и финансиски казнети.

Официјалните казни за сите клубови УЕФА ќе ги соопшти во средината на месец мај, а во моментов се е во сферата на шпекулации.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Тежок удар за Јувентус, Спалети нема да смета на важен играч од јануари!

Фудбалерот на Јувентус, Кефрен Турам, успешно помина низ хируршка интервенција на десното …