Дома Македонски спорт Удинезе го претстави Несторовски: Ќе ја оправдам довербата со многу голови (ФОТО)

Удинезе го претстави Несторовски: Ќе ја оправдам довербата со многу голови (ФОТО)

0

Македонскиот репрезентативец Илија Несторовски денеска беше промовиран во неговиот нов клуб Удинезе, кој пристигна од редовите на Палермо.

Несторовски се заблагодари за довербата на управата на клубот и се надева дека ќе ја оправда со многу голови кои планира да ги постигне во новата сезона.

„Сакам да испратам поздрав до сите навивачи на клубот. Да се биде во Удинезе е голема чест за мене. Благодарен сум за дадената доверба и се надевам дека ќе ја оправдам со многу голови во новата сезона. Верувам дека ќе имаме успешна сезона“, изјави Несторовски.

Ќе потсетиме, Несторовски во Удинезе пристигнува од Палермо доживеа вистинска катастрофа и поради финансиски проблем заврши во четвртиот ранг од италијанскиот фудбал (Серија Д). Палермо го напушти и Александар Трајковски кој вчера беше промовиран во Мајорка.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Писонеро повеќе нема да биде тренер на Вардар!?

Чудна одлука на Вардар иако е неофицијално, многу веројатно Давид Писонеро повеќе нема да …