Дома Топ вести Удар за Реал Мадрид, се повреди Камавинга

Удар за Реал Мадрид, се повреди Камавинга

Играчот за врска на Реал Мадрид, Едуардо Камавинга заработи повреда на денешниот тренинг со француската репрезентација.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Камавинга заработил удар во коленото на денешниот тренинг на Франција и не го довршил истиот, бидејќи морало да му биде пружена лекарска помош на теренот.

Утре ќе му бидат направени детални лекарски прегледи и потоа ќе биде познато колку време ќе отсуствува од терените. Сепак, првичните прогнози се дека не се работи за сериозна повреда.

Ова е лоша вест за Реал Мадрид, бидејќи Камавинга е еден од најважните фудбалери и оваа сезона игра во извореда форма.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Фановите на Барса го освиркуваа Кукуреја

Поддржувачи на Барселона го изразија својот гнев кон Марк Кукуреја за време на натпреварот…