Дома Фудбал Англија Удар за Мурињо: Се повреди Хари Кејн

Удар за Мурињо: Се повреди Хари Кејн

Тотенхем синоќа го загуби дербито од Ливерпул и е се подалеку од врвот, а покрај тоа го загуби и својот најдобар фудбалер.

Имено, Хари Кејн не можеше да го заврши мечот, а Мурињо потврди дека станува збор за две различни повреди.


Србија прв тест за "големиот" најскап фаворит! Холандија во проблеми! ↓↓↓


„Станува збор за две различни повреди, на двата скочни зглоба. Првиот пат беше старт од Тијаго, вториот не го видов најдобро, но лекарите ми рекоа дека втората повреда е посериозна од онаа првата. Не знам детали, но сигурно ќе следи пауза од најмалку 15 дена“, потврди Мурињо.

Кејн е втор стрелец во Премиер лигата со 12 гола, па сигурно неговото отсуство ќе биде удар за Мурињо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Хаос во Гелзенкирхен: Се тепаа албански и српски навивачи! 🎥

Во Гелзенкирхен каде што вечерва треба репрезентацијата на Србија да игра против Англија с…