Дома Фудбал Англија Удар за Арсенал: Се повреди Алексис Санчез!

Удар за Арсенал: Се повреди Алексис Санчез!

Фудбалерот на Арсенал, Алексис Санчес, на тренингот на репрезентацијата ја повреди „задната ложа“ и му се заканува подолго отсуство од фудбалските терени.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Алексис Санчез од почетокот на сезоната на 15 натпревари постигна осум голови и забележа седум асистенции и е еден од најзаслужите за добрите игри на тимот, кој се наоѓа на третото место на табелата во Премиерлигата и веќе обезбеди пласман во нокаут фазата во Лигата на шампионите.

Станува збор за проблем со мускулот на ногата, а според првичните информации повредата не е нималку наивна и Чилеанецот ќе паузира околу еден месец од терените.

Ова значи дека Санчез сигурно ќе ги пропушти дерби дуелите од Премиер лигата со Манчестер јунајтед и од Лигата на шампионите со ПСЖ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Aу, каква понуда за Олисе, ова не се одбива!

Мајкл Олисе полека станува еден од најдобрите фудбалери во светот и би можел тоа да го док…