Дома Останати Убедливи Лазаров и Ристовски пред меѓусебната пресметка во Лигата на шампионите

Убедливи Лазаров и Ристовски пред меѓусебната пресметка во Лигата на шампионите

Во рамки на 11. коло во француското ракометно првенство, Нант славеше над Ним со 33:25.

Кире Лазаров и неговите колеги понудија одлична партија пред последниот предизвик во ЛШ за оваа календарска година против Барселона.

На дуелот против Ним, Лазаров се запиша како стрелец на два погодоци.

Инаку, и Барселона пред меѓусебната пресметка на европската сцена, славеше во домашното првенство против Сегурос Замора со 32:20.

Борко Ристовски на овој меч запиша зад своето име 15 фантастични интервенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Инцидент на ракометен натпревар во Белград: Играч нокаутиран, татко му влета на теренот

Натпреварот меѓу Лавови и Партизан во ракометната лига беше обележан со инцидент во 54. ми…