Дома Фудбал Тухел со Челси испиша нова страница во историјата на ПЛ

Тухел со Челси испиша нова страница во историјата на ПЛ

Томас Тухел дефинитивно го препороди Челси откако дојде на Стемфрод Бриџ.

Челси синоќа славеше против Евертон со 2:0 и се искачи на четвртото место, место кое води во ЛШ.

Германецот нема пораз на клупата на Челси на 11 натпревари. Исто така стана првиот тренер во историјата на ПЛ кој во првите пет домашни натпревари не примил погодок.

Дебитираше против Волвс (2:0), а потоа беше совладан Барнли со 2:0, а со истиот резултат славеше и против Њукасл и Евертон, додека дуелот со Манчестер Јунајтед заврши со резултат 0:0.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Сасуоло со шест промени по дебаклот, Фиорентина не го менува тимот

Двата тима чекаат лигашка победа веќе пет натпревари. Аквилани прави голема реконструкција…