Дома Фудбал Тухел: Поразот од Арсенал нека биде повик за будење

Тухел: Поразот од Арсенал нека биде повик за будење

Стратегот на Челзи, Томас Тухел не беше задоволен од она што го прикажаа неговите фудбалери против Арсенал.

Тухел смета дека самите тие се виновни за поразот во натпреварот во кој влегоа као фаворити.

„Поразот е наша вина. Не постигнавме гол, а имавме одлични шанси. Игравме под нивото на кое сакаме да бидеме, немавме вистинска енергија. Овој пораз нека биде повик за будење“, изјави Тухел.

Челзи до крајот на сезоната го очекуваат две финалиња, едно во ФА Купот и најважното во Лигата на шампионите против Манчестер Сити. Секако, тука се и преостанатите натпревари во Премиер лигата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

ЦСКА доби дом од 45 милиони евра, но на отворањето недостигаа голови

Обновениот стадион „Бугарска армија“ ги исполнува условите за четвртата категорија на УЕФА…