Дома Фудбал Лига на шампиони Тухел: Наполи доби пенал после офсајд

Тухел: Наполи доби пенал после офсајд

Тренерот на ПСЖ, Томас Тухел не беше задоволен од ремито со Наполи (1:1) на Сан Паоло.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


ПСЖ после првото полувреме водеше со 1:0,  а потоа во другиот дел ја препушти иницијативата на Наполи кој до бод стигна со голот на Инсиње од пенал во 63. минута.

На најстрогата казна за Наполи и претходеше голема грешка на Тиаго Силва, а според Тухел имало и офсајд позиција.

„Наполи доби пенал после чиста офсајд позиција, но што да правиме. Мора да го прифатиме резултатот и да продолжиме да се бориме за пласман понатаму. Овој натпревар можеше да заврши и различно. Нашата група е тешка и изедначена, но и натаму ја држиме ситуацијата во свои раце.“ – изјави Тухел.

ПСЖ до крајот на групната фаза ќе гостува кај Црвена Звезда и ќе го пречека Ливерпул.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Арбелоа има „крт“ во соблекувалната, открива сè од приватната група, сите се сомневаат на една личност!

Не се смируваат страстите во Реал Мадрид изминатите денови, а и денес пристигнува нова вес…