Дома Македонски спорт Трудот во првото полувреме лесно го прокоцкавме, Шпанија однесе победа со +11

Трудот во првото полувреме лесно го прокоцкавме, Шпанија однесе победа со +11

macedonia

Репрезентацијата на Македонија денес го одигра четвртиот натпревар на Светското првенство во Данска и Германија.

За противник ја имавме селекцијата на европскиот шампион Шпанија која на крајот ја оправда фаворитската улога и стигна до убедлива победа од 21:32.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Почетокот на натпреварот и тоа како ветуваше.

На стартот од натпреварот нашите ракометари стигнаа и до предност од 6:3, дури и имавме напад за +4, но тогаш Кузмановски ја испрати топката над голот. Потоа следуваа моменти на Шпанците кои напрација серија од 5:1 и стигнаа до првото водство на натпреварот.

На одмор „Фуријата“ замина со предност од еден разлика 13:12.

Мора да се истакне фантастичниот Никола Митревски кој во првите 30 минути запиша дури 11 интервенции.

Во второто полувреме како целосно друга репрезентација да излезе на теренот. Шпанците за само неколку минути направија серија од 5:0 и го решија натпреварот. Во продолжение Гонзалес очекувано на теренот ги испрати оние кои добиваат помалку шанса и силите се чуваа за утрешниот натпревар против Исланд.

Утре со почеток од 18:00 часот Македонија го игра клучниот натпревар на Светското првенство против Исланд. Место во следната фаза ќе обезбедиме само со победа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Шведскиот репрезентивец кој беше во кома пуштен од болница, но се уште не може да оди и зборува

Шведскиот фудбалер Кристофер Олсон денеска ја напушти болницата во Копенхаген, откако мина…