Дома Македонски спорт Тричко постигна хет-трик за 19 минути! (ВИДЕО)

Тричко постигна хет-трик за 19 минути! (ВИДЕО)

Македонскиот репрезентативен напаѓач Иван Тричковски постигна хет-трик за само 19 минути во ремито на АЕК Ларнака против Енозис Паралимни во седмото коло од кипарското првенство.

Тричковски така стигна до деветтиот гол сезонава во кипарскиот шампионат, а вкупно 14 погодоци, откако даде пет на квалификациите за Лига Европа.

Македонскиот фудбалер ја погоди противничката мрежа во период од 46. минута до 65. минута, а два гола од нив беа пенали, но ниту тоа не му помогна на неговиот тим да ги освои трите бода.

АЕК во моментов е второпласиран со 11 бодови, но АПЕОЛ има одиграно само три меча и максимални девет бода.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Катастрофален настап на италијанските клубови во Лигата на шампионите

Италијанските клубови доживеаја четири порази во Лигата на шампионите, вклучувајќи го и др…