Дома Фудбал Германија Триумфален чекор во вториот дел од Бундеслигата за „Баварците“ (ВИДЕО)

Триумфален чекор во вториот дел од Бундеслигата за „Баварците“ (ВИДЕО)

0

На отворањето на вториот дел од германското првенство, Баерн Минхен на гостувањето славеше против Баер Леверкузен со 3:1. Баварците со овој триумф ја продолжија низата од пет победи.

Баерн поведе со погодоците на Мартинез во 32. и Рибери во 59. минута, а надежтта за домашните ја донесе Воланд намалувајќи ја негативата во 70. минута. Во последните моменти на средбата, Хамес Родригез го реши прашањето на победникот со фантастичен удар од слободен удар.

Баерн ја предводи табелата со постигнати 44 бода, Шалке е второпласиран во 30 бода, додека Дортмунд, Леверкузен, Лајпциг и Менхенгладбаг имаат по 28 бода.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Повеќе An. V.
Load More In Германија

Проверете

ШОК: Лоша вест за Милан и Аргентина!

Синоќа на натпреварот против Беневенто, Лукас Биглија заработи повреда на грбот, а денес М…