Дома Останати Кошарка НБА Трет кошаркар заразен со корона во НБА

Трет кошаркар заразен со корона во НБА

Кристијан Вуд од Детроит Пистонс е заразен со корона вирусот и е трет од НБА по Руди Гобер и Донован Мичел.

Детроит потврди дека имаат играч со позитивен тест, но не го открија неговото име, меѓутоа медиумите потврдија дека станува збор за 24-годишниот центар.


ЕУРО 2024: Кој јунак ќе ја сопре Франција!? ↓↓↓


„Ги добивме тестовите денес и тие се позитивни. Здравјето на нашите играчи, нашите членови, апсолутно сите во лигата и на оние кои се погодени од вирусот е од најголема важност за нас. Ние ќе ја продолжиме соработката со медицинската заедница. Тимот и самите здравствени власти се во изолација и ќе останат под внимателно набудување во наредните денови“, соопштија од Детроит.

Неговиот агент, Адам Пенсак, изјави дека играчот се чувствува добро, а сега ќе се утврдува дали уште некој од тимот е позитивен на КОВИД 19

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Светската шаховска федерација за прв пат сертифицираше училиште од Македонија со златен амблем

ПСУ „Јахја Кемал” и наставникот по шах Орце Данчевски се добитници на највисокото глобално…