Италијанските медиуми не престануваат да пишуваат можноста третиот најбогат човек во светот, Бернар Арно да го купи Милан.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Во Италија се тврди дека детали го делат Арно од купување на клубот кој неколку години наназад се обидува да се врати на славните патеки.
Арно е „тежок“ 106 милијарди евра, а се проценува дека за Милан ќе издвои нешто помалку од милијарда евра. Веќе медиумите започнаа и да најавуваат како би изгледал Милан на чело со него.
Звучи лудо и не реално, но „Калчомеркато“ објави дека Французинто ни помалку, ни повеќе сака да ги спои Меси и Гвардиола во Милано!? Наводно резервна опција му биле Клоп и Килијан Мбапе!?!

Фондот „Елиот“ во Милан вложи скоро пола милијарда евра и заинтересирани се да го продадат клубот кој падна во нивни раце откако сомнителните Кинези не успеаа да го вратат долгот.
Синот на Бернар, Антоан би бил прв човек на клубот и некој кој би се прашувал за се. Неговиот план е Милан да го откупи „Сан Сиро“ и да го реконструира.
Бернар е сопственик на компанијата „ЛВМХ“ под која спаѓаат: Луи Витон, Моет и Хенеси. Во негова сопственост се уште: Диор, Френди, Живаши, Марк Џејкобс…
Плановите на Арно за кои пишуваат Италијанците изгледаат како некој да се заиграл „Фудбал Менаџер“, но да оставиме времето да покаже.