Дома Останати Кошарка Тренерот на Панатинаикос за скандалот во грчкото дерби: За 42 години мислев дека се сум видел…

Тренерот на Панатинаикос за скандалот во грчкото дерби: За 42 години мислев дека се сум видел…

0

Вчера големото дерби во грчкиот куп помеѓу Панатинаикос и Олимпијакос не го дочека крајот бидејќи гостите при резултат 40:25 го напуштија паркетот и така службено го загубија овој натпревар.

Тимот на Олимпијакос на таква постапка се одлучи поради незадоволството од судењето на натпреварот.

Во таа прилика првиот човек на Панатинаикос Јанакопулос остави и црвена танга на клупата на гостите и порача дека ваквиот потег на противникот според него бил однапред испланиран поради финансиските проблеми кои ги имале во своите редови.

После натпреварот на социјалните мрежи се огласи и тренерот на Панатинаикос Рик Питино кој на кормилото на овој клуб седна пред неколку месеци.


Следете го Sportski.mk и на


-Па, 42 години сум тренер и мислев дека се имам видено. Водиме 15 разлика на полувреме. Го мотивирам тимот да излезе со голем интензитет во првите пет минути. Бевме „запалени“, но Олимпијакос не излезе. Крај на играта. Се гледаме во неделното финалето на Крит“, стои во објавата на американскиот тренер.

Дел од случувањата на овој натпревар можете да погледнете тука.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Пике за заканите на Реал: За среќа немаат ракометен тим – ќе требаше и таму да ги трпиме

Кошаркарското „Ел Класико“ во Шпанија донесе многу контроверзии, Реал Мадрид беше незадово…