Дома Фудбал Италија Тренерот на Верона позитивен на коронавирус

Тренерот на Верона позитивен на коронавирус

Tренерот на италијанскиот прволигаш Верона, Игор Тудор е позитивен на коронавирус.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


На својата клупска страница Верона објави дека хрватскиот стратег добил позитивен тест. Покрај Верона додаде дека Тудор е вакциниран и се чувствува добро.

Со оглед на тоа дека во викендот кој следи е репрезентативната пауза, Верона нема да има многу проблеми. После трите стартни порази во сеозната, Тудор дојде на кормилото на Верона и оствари четири победи, четири нерешени и забележа само еден пораз.

Во овој момент Верона е 10-та на табелата. Помеѓу другото Верона забележа победи против Рома, Лацио и Јувентус, а во последното коло ремизираа со лидерот Наполи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Кардинале и Ибрахимовиќ продолжуваат со обидите да го задржат Модриќ

Сопственикот на Милан Џери Кардинале и неговиот советник Златан Ибрахимовиќ продолжуваат д…