Дома Фудбал Тренерот на Бриж: ПСЖ е на повисоко ниво од Реал Мадрид

Тренерот на Бриж: ПСЖ е на повисоко ниво од Реал Мадрид

Тренерот на белгискиот шампион, Филип Клемен зборуваше за дуелот со ПСЖ во Лигата на шампиони.

Тој смета дека во моментов Пари Сент Жермен е на повисоко ниво од Реал Мадрид.

„Многу од моите фудбалери за прв пат ќе играат против играчи од светска класа. Тоа ќе биде на повисоко ниво отколку што беше дуелот со Реал Мадрид пред две сезони. Ова се моменти за кои секој од нас сонувал“, изјави Клемен.

„Играме против најсилниот тим на светот и против најдобриот фудбалер, Лионел Меси. Нормално е да се зборува за ПСЖ, а не за Бриж. Знаеме дека ќе биде многу тешко да не примиме гол, но сакам да видам на кое ниво е мојот тим“, додаде тренерот на Бриж.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Бибиње одби да излезе на терен: На Сите Светци нема да играме!

Хрватскиот нижолигаш не настапи против Дебељак поради празникот Сите Светци, со образложен…