Дома Фудбал Италија Треневски: Елмас треба да биде новиот лидер на Македонија, Наполи е идеално место за него

Треневски: Елмас треба да биде новиот лидер на Македонија, Наполи е идеално место за него

Виктор Треневски е поранешен тренер на Елиф Елмас од Работнички, а сега за италијанските медиуми зборуваше за македонскиот репрезентативец.

Елмас и Треневски соработуваа во Работнички од каде како што е познато Елиф направи трансфер во Фенербахче. Треневски верува дека Елмас може да биде новиот лидер и да го наследи Горан Пандев во репрезентацијата.

„Елиф треба да биде новиот лидер на македонската репрезентацијата по заминувањето на Пандев, но секако за тоа е потребно работа и време. Се надевам дека репрезентацијата ќе продолжи со добри резултати, а тоа зависи од сите, не само од индивидуалци. Италија која стана Европски шампион е најдобриот пример за тоа“.

Каков играч е Елиф?

„На ова не можам да ви дадам конкретен одговор. Во фудбалот денес има многу „дијаманти“, но од нив само неколку ќе станат ѕвезди. Елмас е на вистинско место, нема подобро место за него од Наполи и стадионот „Диего Марадона“, изјави Треневски.

Кога во прашање е тренерската смена во Наполи Треневски смета дека Спалети повеќе ќе му одговара на македонскиот репрезентативец.

Ќе потсетиме сезоната во Серија А за Елмас одлично започна, постигна гол во првото коло во кое Наполи ја победи Венеција со 2:1.

Целото интервју на Треневски – тука.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Прва изјава на Чурлинов по потписот за Барнли

Репрезентативецот на Македонија Дарко Чурлинов од денес и официјално е нов играч на англис…