Дома Фудбал Останато Треба да се случи чудо за новата награда на „Франс Фудбал“ да не ја освои Килијан Мбапе

Треба да се случи чудо за новата награда на „Франс Фудбал“ да не ја освои Килијан Мбапе

0

Од оваа година „Франс Фудбал“ освен наградата за најдобар играч ќе ја доделува и наградата за најдобар млад играч до 21 година.

Реномираниот француски весник ги соопшти 10-те кандидати кои ќе бидат во конкуренција за освојувањето на престижниот „Копа“ трофеј.

Секако најсериозниот кандидат и многу веројатно освојувач ќе биде чудесниот Килијан Мбапе.

Освен него номинирани се: Тренет Александар Арнолд од Ливерпул, Хусем Ауар од Лион, Патрик Кутроне од Милан, Ритсу Доан од Гронинген, Џанлуиџи Донарума од Милан, Амаду Хаида од Салцбург, Џастин Клајверт од Рома, Кристијан Пулишиќ од Борусија и Родриго од Сантос.

Жирито е составен од најдобрите играчи во свето, оние кои ја освојуваа „Златната топка“ во изминатите година.

Трофејот го доби името по поранешниот играч на Франција, Ажерс, Ремис и легенда на Реал Мадрид, Рајмонд Копa, кој е во 1958 година ја освои Златната топка.

Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Тоа е таа елеганција: Зидан покажа дека уште има магија во нозете (ВИДЕО)

Францускиот стратег Зинедин Зидан ужива во деновите од одморот пред напорната сезона која …