Дома Фудбал Трајковски играше три минути за Мајорка и се повреди

Трајковски играше три минути за Мајорка и се повреди

Александар Трајковски денес одигра само три минути за Мајорка и се повреди.

Трајковски во игра влезе во 90. минута, а во 93. минута беше заменет, јасно беше дека станува збор за повреда. Спортски.мк ги контактираше луѓето во Мајорка кои ни потврдија дека станува збор за повреда на мускулот.

„Заработи повреда на мускулот, поткривнуваше при излегувањето од теренот. Во наредните денови ќе му бидат направени прегледи и ќе се знае степенот на повредата“, гласеше нивниот одговор.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ниту Батистута, ниту Салах: Тоти го избра Касано за идеален партнер

Антонио Касано е првиот избор на легендата на Рома меѓу напаѓачите со кои делеше терен. Ни…