Дома Македонски спорт Трајковски: Грузија е шанса за историја, четири години работевме со селекторот за овој натпревар

Трајковски: Грузија е шанса за историја, четири години работевме со селекторот за овој натпревар

Македонскиот репрезентативец Александар Трајковски имаше интервју за шпанските медиуми во кое зборуваше за разни теми.

Секако една од темите беше и можниот пласман на репрезентацијата на Македонија на Европското првенство наредното лето, за тоа е потребно да се победи Грузија на 12. ноември.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Не можам да објаснам што чувствувам кога размислувам што би било ако се пласираме. Пред нас е еден натпревар за кој работевме во последните четири години со селекторот. Тој направи фантастична атмосфера, ги избираше играчите во кои веруваше и одлично работеше. Сега сме во финалето, за нас ова е натпревар со кој можеме да испишеме историја за нашата земја. Луѓето ни вршат дури и малку притисок затоа што знаат колку сме блиску да се пласирам на едно ЕП и тоа многу не мотвира“.

„Минатиот месец го победивме Косово во полуфлналето. Сега на 12. ноември не чека Грузија. Лично мислам дека сме подобар тим, но тоа е еден натпревар и се може да се случи. Ние имаме подобри фудбалери и ако играме како што знаеме верувам дека ќе се пласираме на ЕП и ќе испишеме историја“.

За тренерот Луис Гарсија.

„Во Луис Гарсија гледам менталитет за победа на секој натпревар. Тој на тимот му дава атмосфера која е од големо значење, прави секој член на тимот да се чувствува важно. Како што може да видите, менува по три, четири играчи, сака на сите да им покаже дека се дел од тимот“.

Во натпреварот против Алкорн Трајковски беше стартер после подолго време.

„Искрено среќен бев што заиграв повторно во првите 11, помина долго време. Во репрезентација играв, но на клупско ниво немав голема минутажа. Мислам дека против Алкорон одигравме еден добар натпревар. Како што кажав јас бев среќен што се вратив во првите 11.

Трајковски ужива во животот во Мајорка.

„Искрено уживам тука, го сакам градот. Навистина е убаво да се живее тука. На професионален план целите се да се вратиме каде што припаѓаме. Ќе дадам се од себе за да помогнам тимот да се врати во Ла Лига, овој клуб таму припаѓа. Според мене имаме добар тим и голема шанса за такво нешто ако продолжиме со вакво темпо“, изјави Трајковски.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Хаос на трибините, братот на Јокиќ нападна навивач🎥

Кошаркарите на Денвер синоќа на драматичен начин го совладаа Лос Анџелес Лејкерс во НБА пл…