Дома Македонски спорт Трајковски во супер форма: По двата гола, денес асистираше! 🎥

Трајковски во супер форма: По двата гола, денес асистираше! 🎥

Maкедонскиот напаѓач Александар Трајковски игра во одлична форма и после двата гола на претходните два натпревари, денес во победата против Абха (2:0) запиша асистенција.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Во натпревар во кој одеше над 100-тата минута, Трајковски асистираше во втората минута од судиското продожение во првото полувреме кога Паулињо го отвори резултатот. Конечните 2:0 ги постави Мадаш со гол во 97-ма минута.

Трајковски влезе во серија од три натпревари во кои игра од почеток до крај, но и трет во кој директно учествува во головите. Во претходното коло беше избран и во идеалниот тим.

Секако дека ваквата форма на Трајковски не радува пред квалификациите за Европското првенство кои стартуваат овој месец.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Италија на нозе: Стигнаа нови вести за Пеп Гвардиола!

Италијанската репрезентација може да добие едно од најгласните тренерски имиња во светот. …