Дома Трансфер зона Трансфер пазарот во Англија заврши, а Гвардиола спрема зимска „бомба“

Трансфер пазарот во Англија заврши, а Гвардиола спрема зимска „бомба“

Манчестер Сити не беше многу активен во летниот трансфер период, но менаџерот Пеп Гвардиола подготвува „бомба“ за јануари.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


„Сан“ пишува дека стратегот на актуелниот англиски шампион подготвил 60 милиони фунти за Рубен Невес, играчот на Вулверхемптон.

Португалскиот плејмејкер го споредуваат со Андреа Пирло и Гвардиола сака да го донесе во Сити, откако не успеа да го ангажира Жоржињо, кој од Наполи премина во Челзи.

Невес е на мета на многу европски гиганти, но „Сан“ тврди дека е постигнат начелен договор и наскоро Португалецот ќе потпише преддоговор со „граѓаните“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…