Дома Фудбал Останато Трансфер лудило во Холандија: Фејнорд враќа уште еден „СИН“ на Ротердам!

Трансфер лудило во Холандија: Фејнорд враќа уште еден „СИН“ на Ротердам!

0

Фејнорд одлучи да врати уште еден син на Ротердам.

Како што пред две години, тоа се случи со Дирк Кајт, холандскиот великан одлучи да го повтори овој случај и кај Робин Ван Перси.

Веста која доби голем публицитет во холандските и турски медиуми, а како што стојат работите, далеку од тоа дека се работи за гласини.

Имено, холандскиот ветеран според тврдењата на медиумите, го раскина договорот со Фенербахче и во сабота би требало да допатува во Ротердам на лекарски прегледи и потпис со Фејнорд.


Следете го Sportski.mk и на


Тој во четвртокот имаше состанок со претседателот на турскиот клуб, Азиз Јилдирим и побара да му исплатат 2.150.000 евра колку што Фенербахче му должи. Јилдирим тоа го одби, но очигледно дека нешто денес се промени.

Ван Перси во досегашнио тек на сезоната за Фенербахче одигра само четири натпревари. Вкупно во дресот на истанбулскиот тим одигра 87 натпревари и постигна 36 погодоци. Од друга страна, ова за Ван Перси ќе биде враќање во клубот во кој играше 13 и пол години.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Манчестер Јунајтед е светски бренд, влезе и во светот на модата (ВИДЕО)

Maнчестер Јунајтед освен што гигант во фудбалот е и светски бренд, а тоа го покажа и со по…