Дома Топ вести Трансферот на Азар во Реал е готова работа: Познато кога ќе биде преставен и кој број ќе го носи!

Трансферот на Азар во Реал е готова работа: Познато кога ќе биде преставен и кој број ќе го носи!

Веќе подолго време е познато дека Еден Азар е примарна цел на Реал Мадрид, а шпанските медиуми тврдат дека трансферот е веќе договорен и откриваат нови детали.

Имено, „Диарио Гол“ пренесува дека познато е кога ќе биде претставување на Азар на „Сантиаго Бернабеу“ и тврди дека Белгиецот ќе го земе бројот 11, кој моментално го носи Герет Бејл.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


27-годишниот Белгиец одби да го продолжи договорот со Челзи, а никогаш не криел дека сака кариерата да ја продолжи во Реал Мадрид.

„Сините“ ќе бидат приморани на лето да го продадат Азар бидејќи фудбалерот влегува во полседната година од договорот, а медиумите тврдат дека двата клуба веќе постигнале договор за трансфер вреден помеѓу 80 и 100 милиони евра.

На сличен начин Челзи минатото лето го загуби Тибо Куртоа, па и овој пат е ставен пред „свршен чин“ и мора да ја прифати понудата на „кралевите“.

Во Мадрид сметаат дека Азар ќе биде идеална замена за Кристиано Роналдо, чие отсуство се чувствува во тимот оваа сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Манчестер Јунајтед го сака дефанзивецот на Јувентус

Манчестер Јунајтед е силно заинтересиран за дефанзивецот на Јувентус, Жеилсон Бремер, прен…