Шпанските медиуми лансираа вистинска „бомба“ и тврдат дека Реал Мадрид го договорил трансферот на ѕвездата на Тотенхем, Кристиан Ериксен.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Познатата спортска емисија „Ел Чирингуито“ откри дека данскиот репрезентативец ќе биде претставен како ново засилување на Реал Мадрид само еден ден по финалето во Лигата на шампиони, а денес стигна потврда и од сите еминентни медиуми во Шпанија.
Ериксен влегува во последната година од договорот и одби да ја продолжи соработката со „спарси“ бидејќи сака нов предизвик во кариерата.
Поради тоа Тотенхем мораше да се согласи на негова продажба, а медиумите тврдат дека постигнале комплетен договор со Реал Мадрид.
Имено, „кралевите“ за потписот на Ериксен ќе платат 100 милиони евра, а Данецот ќе потпише 4-годишен договор.
Се очекува само да се одигра финалето во ЛШ, па уште следниот ден Реал ќе ја официјализира новата голема аквизиција.
?¡INFORMACIÓN de @JaimeAstrain!? "ERIKSEN será JUGADOR del REAL MADRID tras la FINAL de Champions". #ChiringuitoMadrid pic.twitter.com/XATbAIpmpv
— El Chiringuito TV (@elchiringuitotv) May 20, 2019