Дома Топ вести ТРАНСФЕРИ ВО ЖИВО: Гризман е нов фудбалер на Барселона!

ТРАНСФЕРИ ВО ЖИВО: Гризман е нов фудбалер на Барселона!

0

И денес на едно место следете се што се случува на трансфер пазарот ширум Европа! Денес не се исклучува можноста да добиеме потврда за трансферот на Гризман во Барселона.

– „Л’Екип“ вчера вечер објави дека Барселона се согласила да ја плати клазулата на Гризман во целост (120 милиони евра) без никакви рати. На оваа вест утрово се надоврза „Марка“ кој тврди дека трансферот може да биде потврден во секој момент. (ОВДЕ)

– Во Јувентус „чистка“ ќе мора да има. Кој е вишок? (ОВДЕ)

– Официјална: Додека се чека трансферот на Гризман во Барселона пристигнувањето го потврди најдобриот млад Јапонец, Хироки Абе. (ОВДЕ)

– Утрово Барселона прилично многу се споменува во медиумите. Германски „Билд“ објави дека Каталонците понудиле тројца играчи од: Умтити, Семедо, Кутињо и Дембеле за услугите на Нејмар. (ОВДЕ)

– Директорот на Интер, Пјер Аусилио потврди дека клубот преговара со Манчестер Јунајтед за Ромелу Лукаку. (ОВДЕ)

– И повторно Барса! Додека во Германија пишуваат во за Нејмар во Шпанија пренесуваат вест која изненади многумина. Наводно Барселона се обидела да започне преговори за Ван Дајк!? Меѓутоа добиле краток одговор – нема шанси! (ОВДЕ)

– Астон Вила е во завршни преговори да го доведе играчот за врска на Манчестер Сити Даглас Луиз. Вила за неговите услуги би можела да плати 15 милиони фунти.

– „Л’Екип“: ПСЖ би можел да понуди 30 милиони евра за Идриса Геје од Евертон.

– Договорено: Стив Брус ќе го наследи Рафа Бенитез во Њукасл! Шефилд Венсдеј ќе добие 5.5 милиону фунти.

– Бразилскиот фудбалер Евертон Сораеш одигра одлично на Копа Америка и сега се редат понуди за него, но Гремио ги одбива. Атлетико е последниот клуб кој испратил понуда од 35 милиони евра, плус 10 како бонуси, понудата била одбиена. Гремио без фиксни 40 милиони евра не сака да преговара.

– И една вест која ќе ги растажи повозрасните љубители, посебно на англискиот фудбал – Питер Крауч оди во пензија! Уживај легендо! (ОВДЕ)

– Реномираниот италијански новинар, Џанлука Ди Марцио објави дека ако на Интер му пропадне обидот да го доведе Лукаку ќе се обиде да дојде потписот на Хрватот, Ребиќ.

– Една вест од Холандија можеби уште еднаш потврдува дека со Де Лихт е завршена работата. Ајакс е пред ангажман на Мексиканецот од Клуб Америка, Едсон Алварез. За него ќе платат 15 милиони евра. Оваа зделка би требало да се заврши откако од Торино на сметката на Ајакс ќе „легнат“ 70-80 милиони евра за Де Лихт.

– Арсенал го испрати македонскиот голман Дени Илиев на позајмица словачкиот прволигаш Серед (ОВДЕ)

– Официјано: Лион го купи 23 годишниот дефанзивец од Сампдорија Јоаким Андерсен за 30 милиони евра.

Клоп најави дека Ливерпул нема да биде премногу активен во овој преоден рок (ОВДЕ)

– ЛУКАКУ: „Гардијан“ кој не се занимава со многу шпекулации објави дека Манчестер Јунајтед и Интер ги делат 13.5 милиони евра од договор. Интер понудил 10 милиони евра за позајмица и уште два пати по 30 во две годишни рати. Јунајтед бара 70, но во фунти. Кога се ќе пресмета се доаѓа до разлика од 13.5 милиони разлика.

– И еве што прави Гризман додека сите пишуваат за неговиот трансфер…

– И ЕВЕ ГО! Додека Гризман ужива на Ибица неговиот адвокат пристигна во просториите на Ла Лига! Ова значи дека во секој момент потврдата за овој трансфер може да пристигне!

Стефан Ел Шарави промовиран во Шангај Шенуоха каде што ќе заработува 18 милиони евра по сезона.

– Официјално: Денис Черишев потпиша нов договор со Валенсија со важност со 2022 година и откупна клазула од 80 милиони евра.

– Некои италијански и холандски медиуми објавија дека Јувентус до крајот на денот ќе го потврди трансферот на Де Лихт.

– Eнис Барди може да направи трансфер во Еспањол! (ОВДЕ)

ОФИЦИЈАЛНО: ГРИЗМАН Е НОВ ФУДБАЛЕР НА БАРСЕЛОНА! (ОВДЕ)

– Поранешниот клуб на Гризман, Реал Сосиедад ќе добие 24 милиони од сумата од 120 милиони евра која ќе ја плати Барселона.

– Како би можела да изгледа Барселона следната сезона? (ОВДЕ)

– Според последните информации Јувентус се откажал од намерата да го врати Погба во Торино. (ОВДЕ)

– Во овие момент поголем број медиуми започнаа да објавуваат дека денес ќе биде потврден и трансферот на Матијас Де Лихт изгледа најавата од претходно не била само шпекулација. Чекаме…

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Караско се враќа во Европа – четири гиганти го сакаат неговиот потпис

Белгискиот репрезентативец Јаник Фереира Караско призна дека му недостасува играњето во Ев…