Македонскиот интернационалец Енис Барди би можел да си замине од Трабзон во зимскиот преоден рок, пренесуваат турските медиуми.
Изминатото лето македонскиот репрезентативец направи трансфер од редовите на Леванте чиј дрес го носеше пет години.
Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст
Меѓутоа, Трабзон е спремен да го продаде уште во јануари и очекува понуди за Барди.
Барди одигра 11 мечеви, на кои постигна три голови во турското првенство, а најверјатно е негово враќање во Шпанија.