Дома Фудбал Италија Тоти: Рома е уникат, Лацио не постои

Тоти: Рома е уникат, Лацио не постои

Франческо Тоти целата своја кариера ја помина во Рома, иако имаше понуди да замине (тука може да прочитате за понудата од Реал).

Тоти сега беше запрашан да ги спореди Рома и Лацио. Легендата на Рим има јасен став, за него во Рим постои само еден клуб.

„Зошто Рома или Лацио? Тоа не морате да ме прашувате. За мене Рим има еден клуб – Рома! Лацио не постои. Не можам да правам споредби. Не значи дека јас зборувам лошо за Лацио, туку напротив. Рома за мене е уникат, баш како и навивачите“, изјави Тоти.

Тоти во кариерата успеа да стане и најдобар стрелев во римското дерби со 11 голови.

Иако Рома важи за погламурозен клуб Лацио е тој кој има повеќе трофеи. Лацио има освоено 16 трофеи вклучувајќи и два европски во 1999 (Купот на победниците на Куповите и Суперкупот), Рома има 14.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Maгија во првото коло од Премиер лигата: Ваков гол ретко се гледа (Видео)

Во првото коло од англиската Премиер лига, во текот на натпреварот меѓу Ипсвич и Сандерлен…