Дома Фудбал Лига на шампиони Тоти пред Реал: Не се предавме и да играме против Марсовци

Тоти пред Реал: Не се предавме и да играме против Марсовци

Легендарниот капитен на Рома, Франческо Тоти, нема намера предвреме да се откаже во натпреварот против Реал Мадрид од групната фаза во Лигата на шампионите.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Рома не започна онака како што очекуваше во Серија А, „волчицата“ освои пет бодови од четири натпревари и играта која ја прикажуваат избраниците на Еусебио Ди Франческо не ветува многу пред дуелот против европскиот шампион.

Сепак, Тоти смета дека неговата Рома има шанси.

„Сите знаеме дека стадионот на Реал Мадрид е посебен и поинаков од сите останати, но можеби токму затоа што ќе играме против Реал ќе одиграме одличен натпревар. Нема да се откажеме дури и да играме против Марсовци“.

„Мораме да излеземе смирени на теренот и со вистинско расположение и сигурен сум дека сме силен и квалитетен тим. Секако, дека тие се најдобар тим во натпреварување, но секогаш кога играме со нив им правиме проблеми“, изјави Тоти.

Реал Мадрид и Рома натпреварот од Лигата на шампионите го играат во среда со почеток од 21:00 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Валверде и Чуамени ги чекаат брутални казни, можат да бидат и избркани од клубот!

Реал Мадрид иницираше вонредна дисциплинска постапка против Федерико Валверде и Орлиен Чуа…