Дома Фудбал Тоти: Мурињо е најдобриот тренер во светот

Тоти: Мурињо е најдобриот тренер во светот

Легендарниот италијански фудбалер и икона на Рома Франческо Тоти смета дека Рома направила вистински потег со ангажманот на Жозе Мурињо.

Пред околу еден месец на големо изненадување на фудбалската јавност беше објавено дека Мурињо ќе ја води Рома. Тоти верува дека тоа е вистинскиот потег.

„Мурињо доаѓа и веднаш кажува што мисли. Тој е најдобриот тренер во светот. Би сакал да имав можност да работам со таков стратег кога бев помлад“, изјави Тоти.

Тоти се поврзуваше со враќање во Рома во некаква улога, меѓутоа сега тој потврди дека нема контакти и не се зборува за тој да се врати во таборот на „волчицата“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Звезда по 13 години на „Омладински“: ОФК Београд пет кола чека победа

Лидерот во српската Суперлига гостува кај ОФК Београд во недела од 16 часот, со директен п…