Дома Трансфер зона Тотенхем тргнува по Адама Траоре

Тотенхем тргнува по Адама Траоре

Тотенхем е силно заинтересиран за шпанскиот репрезентативец, Адама Траоре, пренесуваат медиумите на Островот.

25-годишниот Траоре е продукт на школата на Барселона, а покажува одлични партии во дресот на Вулверхемптон и го привлече вниманието на многу европски гиганти.

Траоре не е задоволен од тоа како се одвиваат работите во неговиот клуб, па е спремен наскоро да ја промени средината.

Тотенхем сака да ја победи конкуренцијата и веќе започнал преговори со „волците“, а медиумите тврдат дека трансферот може да биде договорен за околу 30 милиони фунти.

Тренерот на „спарси“ Нуно Еспирито Санто одлично го познава 25-годишниот Шпанец и сака повторно да го има во својот тим.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Барса го сака талентот на Арсенал, Артета има план како да го задржи

Младиот играч за врска на Арсенал, Чарли Патино може да биде повикан за првиот тим, пренес…