Дома Фудбал Англија Тотенхем сака само пари за Кејн и ќе ги одбие сите други понуди

Тотенхем сака само пари за Кејн и ќе ги одбие сите други понуди

Тотенхем е решен да ги одбие сите понуди од Манчестер Сити за Хари Кејн кои ќе вклучуваат покрај пари и некој фудбалер.

Хари Кејн е решен да ја промени средината ова лето и веќе побарал трансфер од раководството на Тотенхем, бидејќи сака да игра во клуб кој ќе се бори за трофеи.

Претседателот на „спарси“ Даниел Леви одреди цена од 150 милиони фунти и нема намера да отстапува од неа.

Најсилен интерес за Хари Кејн покажува Манчестер Сити, кој пак не е спремен да ја плати целата сума и сака да вклучи играч во зделката.

Англиските медиуми пренесоа дека „граѓаните“ се спремни како дел од трансферот да ги понудат Габриел Жесус и Рахим Стерлинг.

Меѓутоа, Тотенхем ќе ги одбие сите понуди, бидејќи ја сака целата сума во кеш.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Карагер удри по Сити: Ги украдоа спомените и емоциите!

Земете им ги медалите и трофеите. Одговорност имаат и играчите. Не ја сакам таа медалја. И…