Дома Фудбал Англија Тотенхем потврди: Крај на сезоната за Хари Кејн!

Тотенхем потврди: Крај на сезоната за Хари Кејн!

0

Голгетерот на Тотенхем, Хари Кејн ќе ги ги пропушти сите натпревари до крајот на сезоната, бидејќи има оштетување на лигаментите на глуждот на левата нога, потврдија од клубот.

Ова го потврди и менаџерот на Тотенхем, Покетино кој истакна дека за својот играч претстои долг период за заздравување.

„Тоа е многу тажно и му претстои долго опоравување. До крајот на сезоната останаа уште пет недели и нема шанси да се рехабилитира до тогаш. Следната недела ќе оди кај специјалист кога и дефинитивно ќе знаеме колку ќе му треба за целосно опоравување“, изјави Покетино.

Деле Али, пак, излезе од пресметката со Манчестер сити со скршеницата на раката. Клупските лекари соопштија дека ќе направат дополнителна контрола и проценка на состојбата пред да дадат мислење дали би можел да заигра викендов против Хадерсфилд во Премиер-лигата.

Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Генијално: Наполи со специјално видео го поздрави Сари (видео)

Маурицио Сари денес и официјално беше претставен како нов тренер на Јувентус, а неговиот п…