Дома Фудбал Англија Тотенхем порача: Хари Кејн не е на продажба

Тотенхем порача: Хари Кејн не е на продажба

Новиот спортски директор на Тотенхем, Фабио Паратичи ја затвори вратата за трансфер на Хари Кејн.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Кејн не е задоволен во Тотенхем, сака да игра во поамбициозен клуб и да се бори за трофеи, па побара трансфер од раководството.

Меѓутоа, Кејн има долг договор со „спарси“, а Паратичи потврди дека клубот нема намера да го продаде ова лето.

„Задржувањето на Кејн не е само моја цел, туку и цел на клубот. Тој е врвен играч. Имав среќа во моето време во Јувентус, видов многу одлични напаѓачи и сакам да уживам и во Кејн. Едвај чекам да го видам. Тој е еден од најдобрите напаѓачи во светот“, истакна Паратичи.

„Не сум разговарал се уште со него, зашто не сакам да го вознемирувам, бидејќи е максимално посветен на обврските со репрезентацијата“, додаде Паратичи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Второ полувреме од соништата: Јужна Кореја во одличен натпревар подобра од Чешка (Видео)

Хванг и О донесоа голема победа за Јужна Кореја од 2:1 откако Чешка во средината на второт…