Дома Фудбал Тотенхем му забрани на Покетино да зборува за Манчестер Јунајтед (видео)

Тотенхем му забрани на Покетино да зборува за Манчестер Јунајтед (видео)

Отказот на Жозе Мурињо донесе голем притисок на Тотенхем, со оглед на фактот што Маурисио Покетино е според мдиумите главен фаворит за преземање на клупата на Манчестер Јунајтед.

Пради тоа клубот му забрани на Покетино да одговора на новинарски прашања поврзани со тренерската позиција во Манчестер Јунајтед.

Забраната дојде на пресконференцијата по вчерашниот натпревар против Арсенал. Покетино одговараше на медиумски прашања, кога еден од новинарите го праша за Манчестер Јунајтед, портпаролот на Тотенхем веднаш го прекина.

Со ова Тотенхем стави до знаење дека не сакаат шпекулациите да им ја нарушуваат атмосферата и воопшто не сакаат да зборуваат за иднината на нивниот тренер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Грилиш се врати на тренинг, но Мојс сè уште не го враќа во тимот

Англичанецот ќе пропушти четврти натпревар по ред по дисциплинскиот прекршок, а во Евертон…