Дома Фудбал Англија Тотенхем и Конте се договорија

Тотенхем и Конте се договорија

Антонио Конте ќе биде нов тренер на Тотенхем. Според „ЕСПН“ двете страни постигнале договор после 48-часовни преговори.

Конте неодамна го напушти Интер и се очекува наскоро официјално да биде промовиран во нов менаџер на Тотенхем.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Заедно со него во тимот од Лондон ќе пристигне и бившиот спортски директор на Јувентус, Фабио Паратичи.

Италијанските медиуми откриваат дека Конте во Тотенхем ќе заработува 15 милиони евра годишно плус 2,5 милиони под формата на бонуси.

Претседателот Даниел Леви му ветил на Италијанецот амбициозен проект и голем буџет за трансфери, а ќе направи се за да го задржи и Хари Кејн во тимот.

Ова за Конте ќе биде враќање во Премиер лигата каде две сезони го водеше Челзи и ја освои шампионската титула и ФА Купот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Реал Мадрид објави уште еден нов дефанзивец

Реал Мадрид ја финализираше зделката со Бенфика за Алваро Карерас. Тој има 22 години, игра…