Дома Фудбал Англија Тотенхем има „БИСЕР“ – Менаџерско „ЕЛ КЛАСИКО“ за ѕвездата на „Петлите“!

Тотенхем има „БИСЕР“ – Менаџерско „ЕЛ КЛАСИКО“ за ѕвездата на „Петлите“!

0
deleali

Двата фудбалски агенти со најголемо влијание, Жорге Мендеш и Мино Раиола ги вкрстуваат „копјата“ за фудбалерот на Тотенхем…

Доколку се одржуваше менаџерско „Ел Класико“ тоа сигурно би бил дуелот помеѓу Мино Раиола и Жорге Мендеш, двајцата највлијателни агенти во светот на фудбалот.

Мендеш и Раиола сега се борбат за еден Англичанец иако до сега не покажуваа голем интерес за фудбалерите од оваа земја. Во прашање е Деле Али кој има потенцијал да стане стане еден од најскапите и најдобрите фудбалери во светот.

И Раиола и Мендеш, се обидуваат да го договорат преку неговото „семејство“, поточно семејството Хикфорд, чиј син настапуваше заедно со Али во МК Донс. Фудбалерот нив ги нарекува негово семејство, иако никогаш официјално не го посвоија тој нив ги смета за негови родители. Негови биолошки родители се Нигериецот Кени Али кој го напуштил веднаш по неговото раѓање и мајкта Денис која имала проблеми со алкохолот.

Поради тоа, Деле Али не чуствува никаква поврзаност кон нив, едноставно, Хикфорди ги смета за негови родители, а нивниот син Хери за свој брат. Токму Хери води грижа за неговата кариера и тој би требало да одлучи кој од овие суперагенти ќе ја превземе грижата за ѕвездата на Тотенхем кој во овој момент нема менаџери.

Тотенхем веројатно ќе го зголеми неговиот договор, се шпекулира дека на Али ќе му понудат околу 150.000 фунти, но од друга страна Раиола и Мендеш веројатно се „влезниците“ за најголемите клубови во светот. Иако Даниел Леви е тврд преговарач, никој не се сомнева дека за година или две, Деле Али ќе игра во некој од најголемите клубови во Европа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Повеќе S. D.
Load More In Англија

Проверете

Кај Валверде мина прагот на толеранција: Каталонскиот предводник гласно се изјасни ПРОТИВ одлуките на управата

Барселона изгледа го договори трансферот со Арсенал од 20 милиони евра во јануари, за Герм…