Желбата на Хари Кејн да ја промени средината го примора Тотенхем да бара нов врвен напаѓач.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Според „Дејли Мејл“ Тотенхем како евентуална замена за Кејн посочил двајца фудбалери од Манчестер, Габриел Жесус од Сити и Марсијал од Јунајтед.
Вчера сите бритинаски медиуми пренесоа дека Кејн побарал трансфер од раководството, откако Тотенхем и оваа година остана без трофеј.
Тотенхем сигурно нема лесно да го пушти голгетерот и ќе бара најмалку 100 милиони евра. Во Жесус и Марсијал гледаат идеална замена со оглед на фактот дека се млади и имаат искуство во Премиер лигата.
Манчестер Јунајтед и Сити се фаворити за потписот на Кејн, па не е исклучено да дојде до трампа на лето.