Дома Топ вести ТОП 10 трансфери кои денеска би требало да се случат

ТОП 10 трансфери кои денеска би требало да се случат

И денеска ви ги пренесуваме ТОП 10 трансферите кои денеска треба да се случат според страницата „Football Whispers“, која ја анализира веројатноста на најголемите светски трансфери.

Иако на врвот и понатаму се Горецка, Волкот и Санчез, чии трансфери се во Баерн, Евертон и Манчестер Јунајтед и прашање е само времето, ние се одлучивме да ги оставиме, бидејќи на листата се веќе неколку дена.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Првото место така го превзеде Ерменецот, Хенрик Михтарјан, чиј трансфер од Јунајтед во Арсенал би требало конечно да го потврди и заминувањето на Санчез во спротивна насока. На врвот уште се и Хавиер Пасторе и Даниел Стариџ, две високопрофилни играчи, чии недостаток на игра за ПСЖ и Лиерпул сака да го искористат Севиља и Саутемптон и да ги засилат своите редови.

Во ТОП 10 се проби и приказната дека Борусија Дортмунд би можела како замена за метата на Арсенал, Обамејанг, кој исто така е на листата, да го доведе младиот играч од Атлетик Билбао, Ињаки Вилијамс.

ТОП 10 трансфери кои денеска би требало да се случат:

1. Хенрик Михтарјан (Манчестер Јунајтед – Арсенал)
2. Хавиер Пасторе (ПСЖ – Севиља)
3. Даниел Стариџ (Ливерпул – Саутемптон)
4. Абдул Рахман Баба (Челзи – Шалке)
5. Диафра Сахо (Вест Хем – Свонси)
6. Хесе (ПСЖ – Лас Палмас)
7. Ињаки Вилијамс (Ателтик Билбао – Борусија Дортмунд)
8. Стефан Лихштајнер (Јувентус – Лацио)
9. Пјер-Емерик Обамејанг (Борусија Дортмунд – Арсенал)
10. Ријад Марез (Лестер Сити – Ливерпул)

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Интер се засилува со ѕвездата на Интер бесплатно

Дефанзивецот на Реал Мадрид, Начо на лето како слободен агент ќе го напушти клубот, а неко…